Новата година започна со рекорд на платформата Минтос, која ги поврзува инвеститорите и позајмувачите на капитал на едно место. Самото лого на компанијата со две точки, над и под буквата “i”, симболизира peer-to-peer конекција. Јануари беше извонреден месец во кој што месечниот капитал порасна над 43 милиони. Ова придонесе кумулативни вкупни инвестирани 485 милиони евра.
Географската покриеност на Минтос продолжи да расте, со три нови филијали низ светот. Sebo е првата со седиште во Молдавија,Watu Credit , која што нуди заеми за автомобили и работи на пазарот во Кенија и Kredit24 со седиште во Казакстан.
Клучни показатели
41 милион евра беа во оптек на пазарот на Минтос во Јануари. Како додаток на тоа, 2.6 милиони евра од заемите беа издадени во валути различни од еврото. Сето тоа заедно придонесе да кумулативните инвестиции ја поминат бројката од 485 милиони. Следниот графикон ги прикажува кумулативните инвестиции во текот на последните 13 месеци, како и месечните инфестиции во евра и други валути.
Повеќе од 3500 инвеститори се приклучија на платформата од Јануари, со тоа вкупниот број на инвеститори се зголеми над 47000.
Извонредниот обем на заеми финансирани преку Минтос платформата беше 124 милиони на крајот од Јануари, со следниот сооднос:
Индивидуалните заеми беа 19.7 милиони во месец Јануари. Секој од нив беше осигуран со buyback guarantee клаузулата. Вкупната залиха беше 20.5 милиони а просечната каматна стапка 12.5 %.
Следниот графикон ја прикажува брзината со која се формира основата за персоналните заеми. Ова е важен показател од кој што ја екстратираме големината на понудата и побарувачката по одреден тип на заеми.