Нова Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) ќе презентира денеска Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА.
Стратегијата ќе биде промовирана на настан „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“.
Најавени се обраќања на министерот за информатичко општество и администрација и на премиерот Димитар Ковачевски (преку конференциска врска, како и евроамбасадорот Дејвид Гир, Грегор Варант, шеф на програмата СИГМА, ОЕЦД и Маја Ханџиска Трендафилова Директор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)
Ќе бидат презентирани процесот на изработка и механизмите за нејзина примена и следење, како и клучните цели и приоритети до 2030 година по приоритетни области.