Mirazur во Франција е избран за најдобар ресторан во светот.
Ресторанот со три ѕвезди на Michelin го освои првото место во годишниот натпревар за 50 најдобри ресторани во светот, заработувајќи ги пофалбите за своите “неповторливи погледи на француската ривиера”, “шокантно талентирани готвачи” и голем број јадења – кора од цвекло сервирана со кавијар крем. Шпанија имаше тројца учесници во првите 10, додека Франција, Данска и Перу освоија по два места. Победниците се определени со анонимна анкета на кулинарски експерти.