Годишен преглед на македонската економија ќе спроведе Мисијата на меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, која престојува во Македонија од денеска до 16 месецов.

– Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта, информираше преку пишана изјава Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за  Македонија.

На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение со прелиминарни заклучоци.

 

Извор : МИА