Една јапонска компанија за трговија со криптовалути регистрирала случај на корисник кој купил биткоини во вредност од 20 милијарди долари, без да плати ништо.

Проблемот настанал поради ситна грешка во платежниот систем, при што платформата „Зеиф“ неколку минути продавала криптовалути за нула долари.

Многу корисници се обиделе да го искористат моментот на грешката, но му успеало само на еден. По извесно време барање и „борење“, успеале да ја прогласат трансакцијата за неважечка.

.