Во последно време постојано гледаме сложени макроекономски појави објаснети низ геополитичка призма. Геополитички муабети и каде треба и каде не треба.

Ова посебно важи за муабетите за Кина, на која во последно време и се посветени епопеи од страна на Македонските комуњари. Но дали? Дали Кинеската економија е чудо како што тврди комуњарската пропаганда?

Како и обично, најдобро е да се погледнаат податоците и да дозволиме тие да ни ја раскажат приказната. Објективата приказна.

Oва е првиот и основен индекс од кој треба да се тргне. PMI го мери трендот на набавки од страна на компаниите. Овој индекс се формира така што статистичарот буквално им се обраќа на компаниите еднаш месечно и ги прашува дали планираат да ги зголемат своите набавки, своите капацитети, да купуваат повеќе, да трошат повеќе.  Aко овој композитен индекс расте, ова значи дека бизнис секторот набавува повеќе односно се подготвува за експанзија на своите капацитети, а пак тоа значи дека очекуваат убави, плодни времиња напред. Овој индекс ти дава приказ за моменталните и идните очекувања околу економската клима.

Од приказот погоре гледаме дека од 2009 година наваму, Кинеските компании се се по-песимистички настроени. Но што се случи во 2009 година?

Oд другата страна на PMI индексот седи Индексот на Малопродажбата, кој покажува продажни трендови во  малопродажниот сектор. Повторно трендот кулминира во 2009 година за да после тоа континуирано опаѓа, Кинескиот потрошувач сè помалку троши. Трендот е евидентен уште пред 2021 година кога настанаа пандемиските карантини. Но зошто? И што се случи во 2009 година?

Секогаш кога ќе забележите дека Јуанот паѓа во однос на Американскиот долар треба да знаете дека нешто неповолно се случува во глобалната економија. После 2009 година, Кинескиот Јуан паѓа и не успева да се крене на претходниот тренд. Помалку вреден Кинески Јуан значи недостиг на глобална резервна валута (евродолар) во Кина.

Приказот погоре го одразува нивото на инвестиции во фиксни средства (недвижнини) во Кина. Погледнете ја само необичната форма на истиот во рамките на само една година. Драматичен пораст во Ноември 2021 година, што не изгледа природен, туку напротив, вештачки бустиран, државна интервенција. До
пред Ноември 2021 година гледаме како еден од главните мотори на Кинескиот
развој – недвижнините бележи континуиран пад (Evergrande), па е вештачки
бустиран од Владата, за да повторно почне да бележи надолен тренд.

Кинеското Економско Чудо е видливо преку неговата жед за суровини. Кина е еден од најголемите увозници на суровини – се до 2009 година. Од тогаш наваму гладот на суровини кај Кина опаѓа, тренд посебно забележителен во 2020 година уште пред да почне пандемијата со КОВИД.
Намалената побарувачка на суровини веќе втурна цела низа на држави во рецесија, посебно оние во Африка кои во голем дел од својата извозна структура имаат извоз на суровини спрема Кина. Ова пак дополнително се одразува на трендот на пад на директни инвестиции на Кина во земјите опфатени со Појас и Пат (Belt and Road) иницијативата, податок што исто можеш лесно да го верификуваш со неколку кликови.

Видовме неколку прикази погоре.
Но зошто сите графикони покажуваат точка на прекршување во ист период – 2009 година, период на светската Финансиска криза? Зошто остатокот од светот (вклучително и Кина) не може да се поврати на трендот на раст од претходно?
Потенцирав и претходно, Кина се соочува со хроничен недостиг на економски раст кој е видлив преку повеќе индекси. Недоволен економски раст води до социјални немири и пораст на автократски тенденции.

Односно:

Одеднаш Кина почна повторно да го опева Мао Зедонг, еден од најголемите убијци во 20-век.
Но зошто?
За да го провоцира Западот?
Не.
Ајде малку Кинеска историја. Денг Жаопинг (Deng Xiaoping) ја извлече Кина од канџите на Мао после неговата смрт во 1976, надмудрувајќи ги своите противници пришто конечно беше крунисан за време на третата Пленарна Сесија од 11-иот Централен Комитет на Партијата.
Во споредба со Мао, Денг Жаопинг беше реформатор, заклучи дека мора да му сврти грб на нивниот прв мегаломански лидер (подучен и од она што ја снајде Советската Рубља во 1990тите). За разлика од Советите и нашите лажни левичари овде, некој сериозно ги сфати учењата на Карл Маркс дека не е можно да воспоставиш ‘социјалистички рај’ во земја која сеуште не поминала низ капиталистичката фаза на создавање богатство. Дека социјализам во сиромашна аграрна земја би имало
катастрофални последици. Затоа Жаопинг го иницираше проектот социјализам (со кинески карактеристики). Неговиот реформаторски менталитет во 1990-ите случајно се поклопи со периодот на
глобализацијата напојувана од евродоларот. Совршена случајност, иако само случајност.

Во следниве 20 години Кина јуришаше напред без да притоа ниту еднаш има потреба да негува спомени од својот претходен лидер. Нештата одеа на добро, никој не се дрзнуваше да рече дека глобализмот е лош, сатанистички. Се до 2011 година – Годината на невидливата Финансиска криза, екот од Големата Финансиска Криза во 2009 година

Две години подоцна, Комунистичката партија на Кина го објави т.н. Документ 9 во кој меѓу другото ги образложи “Седумте зла” за Кина преку кои ефективно ја нападна секоја форма на “Западно” размислување, вклучително и неолибералната трговија (тоа што ја направи богата последните 20 години) и концептот на уставен поредок. Глобализмот одеднаш стана лоша и непосакувана појава, културен феномен против кој “традиционална” Кина треба да се бори. Истата таа година милитаристичката реторика на Ши Жинпинг (Xi Jinping) му донесе победа на претседателските избори а либералната реформска
реторика што ја застапуваше Ли Кекјанг (Li Keqiang) како екстензија на либерализмот на Жаопинг и Ху Џинтао беше поразена.

Победата на Жинпинг во 2013 година го означи почетокот на вовлекување на Кина во себе и изолација од т.н. Запад – а со тоа и интензивирање на процесот на деглобализација што беше инициран во
2009 година. Додека течеа доларите Кина немаше проблем со Америка ниту со глобализацијата. После втората пукнатина на евродолар системот настана геополитичко заладување на односите. Во светот на
економијата е познато правилото – Ако стапката на промена на економијата оди долу-стапката на промена на геополитичката сцена оди горе. Секогаш и секаде, на геополитичките тензии што се јавувале ширум светот им претходи период на забавен економски раст.

Крахот на Кинеската економска машина повторно ја мотивира Комунистичката партија на Кина и Жи (Мао) да се осврне кон својот претходен автократски лидер.
Вакво нешто беше незамисливо пред 2007 година, кога Кинеската економија јуришаше.

Ова е кратката приказна за таканареченото Кинеско економски чудо од 2007 година наваму. Проблемите во монетарната машина и недостигот на глобална резервна валута (евродолар) се одразува преку намален економски раст а пак тоа се поистоветува со некаков крах на капитализмот, пораст на тоталитаризмот
ширум светот и повик за социјализам.

 

Пишува: Блаже Аризанов