Недостаток на сон, повеќе од 100 часа работа неделно, лош третман од постари банкари, ментален и физички стрес, се некои од замерките на младите банкари за условите за работа во големата американска инвестициска банка Голдман Сакс.
Резултатите од интерното истражување во американската инвестициска банка, спроведено меѓу младите аналитичари на компанијата, кружат по социјалните мрежи.
Младите банкари, кои ја вршат работата помалку од една година, тврдат дека се соочуваат со „нехумани“ услови за работа, пренесува Гардијан.
Тие се жалат на работното време од 100 часа и „злоупотребата“ од колегите, што, како што велат, сериозно влијаело на нивното ментално здравје.
Во истражувањето, тие рекоа дека во просек работеле 95 часа неделно, во средината на февруари и 105 и бараат работното време да им се намали на 80 часа неделно.
Тие истакнаа дека спијат само пет часа навечер, откако легнале околу три наутро.
Како во серијата „Индустрија“
Истражувачката презентација на 11 страници содржи и цитати во кои млади банкари го опишуваат канцелариско опкружување кое потсетува на сцени од неодамнешната серија „Индустрија“ на ХБО, што го прикажува животот на вработените во филијалата на американската банка во Лондон.
„Во еден момент, не јадев, не се истуширав и не работев ништо друго освен работа од утро до полноќ“, вели еден аналитичар.
„Недостаток на сон, лош третман од постари банкари, ментален и физички стрес … Поминав низ згрижувачка куќа и ова е секако полошо“, рече друг анонимен соработник за истражување.
Гардијан наведува дека содржината на истражувањето покажува дека барем еден сектор на Голдман Сакс сè уште се бори со премногу часови работа и стрес на работа, што стана јасно кога се самоуби 22-годишен аналитичар во 2015 година.