Во маркетите свежото млеко веќе има цена од 86 денари килограм, а трајно мелко зависно од масленоста не може да се најде под 70 денари.

Зголемување на откупната цена за 70 отсто бараат млекопроизводителите  кои забележуваат дека по последното зголемување на цените на млекото во продавниците нивниот производ има многу ниска цена. Дополнително и тие имаат зголемени производни трошоци и повисоки цени на енергенсите кои ги користат.

Според дел од нив откупната цена би требало од моменталните  23 денари да скокне на 39 денари за литар.

Со оваа цена, велат би можеле да обезбедат барем храна за кравите, но ако не се случи тоа ќе бидат принудени да ги продаваат.

– Веќе втора година сме без субвенции. имаме зголемени трошоци, а цената на млекото останува иста. го преполовивме производството. Како државата ќе обезбеди млеко не знаеме, бидејќи секаде го има овој проблем – вели млекопроизводител.

Тие најавуваат протести и блокади на патишта.

Во маркетите свежото млеко веќе има цена од 86 денари килограм, а трајно млеко зависно од масленоста не може да се најде под 70 денари.