Цената на млекото во земјите од Европската унија нагло порасна. Во споредба со истиот период од 2023 година, млекото поскапе за 15,3 отсто. Раст е забележан во 24 земји-членки на ЕУ, а највисоки стапки се забележани во Ирска (+43,7 отсто), Литванија (+33,2 отсто), Белгија (+30,8 отсто) и Шведска (+30,3 отсто). Цените на житарките незначително се променија, во просек беа повисоки за 0,3 отсто, при што движењето на цените на државно ниво беше различно.
Намалување е забележано во 17 земји, а пораст во останатите десет. Наспроти тоа, цените на влезните производи (услуги и стоки што се користат во производството) забележаа пад. Просечната цена на вештачките ѓубрива е за 6,9 отсто пониска во однос на четвртиот квартал од 2023 година, а цената на добиточната храна е пониска за пет отсто, објави Политика.рс.