оведувањето на царини кои влијаат врз меѓународната трговија може сериозно да му наштети на стабилниот економски раст, прогнозира ММФ, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со ескалација на трговскиот спор со Кина.

-Според најлошото сценарио, сегашните мерки може да доведат до пад на светско БДП од 0,5%, изјави директорката на ММФ Кристин Лагард, на состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централни банки од Г-20 во Буенос Аирес.

Таа објасни дека ќе им претстави на учесниците извештај за последиците од веќе најавените ограничувања за светската трговија.

Лагард го даде предупредувањето кратко време откако американскиот државен секретар Стивен Мнучин изјави дека нема макроекономски влијанија врз најголемата економија во светот од неодамнешните давачки што ги воведоа САД и Кина.

Во последниве месеци, САД и втората светска економија си разменија царини врз стоки во вредност од 34 милијарди американски долари, а Трамп вчера се закани дека ќе воведе царини вредни 500 милијарди американски долари на целиот кинески извоз за САД. Одделно, САД и ЕУ воведоа контра-давачки за одредени стоки.

Според нацрт-драфтот на извештајот на ММФ, цитиран од Блумберг, трговските војни ќе доведат до зголемување на финансиската несигурност, трговски и геополитички тензии, нерамнотежата во светската економија и нееднаквост.

Според ММФ, новите пазари се подобро подготвени за последиците од воведување на контра-царини, но сé уште имаат ризици – нестабилноста на пазарот и одливите на капиталот.