Состојбата со коронавирусот ќе ја погоди светската економија повеќе отколку финансикста криза од 2008 година. Никогаш досега не се памети ваков застој на целата светската економија, потенцираат од Меѓународниот монетарен фонд. Потребно е сите држави да не избрзуваат со прекинување на воведените мерки за да не дојде до големи економски штети.
„Никогаш во историјата на ММФ не сме биле сведоци на запирање на светската економија. Сега сме во рецесија. Тоа е многу полошо од глобалната финанансиска криза пред една деценија. Непходно е во оваа криза да бидеме сите заедно. Повеќе од 90 земји побараа итна финансиска подршка од ММФ поради состојбата со коронавирусот. Најтешко погодени се растечките економии и економиите во земјите во развој кои изгубиле скоро 90 милијарди амеркански долари“, рече Кристалина Георгиева, Директорка на Меѓународен монетарен фонд.
И Македонија е една од овие земји која доби првичен позитивен одговор за финансиска помош од 175,2 милиони евра. Владата ќе треба да испрати писмо до ММФ за користење на овие пари од Инструметот за брзо финансирање кои произлегуваат од појавата на Ковид 19. Од Меѓународниот монетарен фонд најавија и искористување на својата резерва за вонредна состојба од еден трилион американски долари. Овие средства ќе бидат наменети за помош на погодените економии вкучувајќи ги и афиканските земји кои инаку би треабло да изберат меѓу борбата со корона вирусот и хранење на населението.