Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ја преиспита улогата на напредните земји во врска со корупцијата, се вели во соопштението. Се додава дека ќе го процени економското влијание на лошото управување и ќе обезбеди политички препораки, а истовремено ќе го заостри мониторингот на корупцијата во земјите кои даваат заеми. Во рамките на ревидираниот систем за управување ширум светот, ММФ ќе оценува голем број области.
Некои од овие области се управување со буџетот, супервизија на финансискиот сектор, контрола на централната банка, регулативи на пазарот и владеење на правото, известува Блумберг.
“Средствата добиени преку корупција честопати се кријат надвор од земјата, и тоа честопати во финансиските сектори на големите главни градови”, вели директорката на ММФ Кристин Лагард во нејзиниот блог.
Можно е земјата да има “чисти раце” дома, но “валкани раце” во странство.