Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) побара од најразвиените земји во светот да преземат уште чекори со кои ќе го намалат притисокот врз сиромашните земји, кои имаат долгови кон нив, а поради пандемијата со Ковид-19 не се во можност да ги исполнат обврските.
Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, ја поздрави одлуката на членките на Г-20 да ја продолжат суспензијата за отплата на долговите во билатералните договори за нови шест месеци како помош за сиромашните земји во услови на пандемија, но посочи дека е потребно уште поенергично дејствување.