Меѓународниот монетарен фонд ги подобри прогнозите за економскиот раст на глобално ниво за оваа и за следната година. Аналитичарите на ММФ ја зголемија прогнозираната стапка на глобален економски раст за 0,2 на на 3,9 насто.

Забрзаниот раст е распространет со позитивни изненадувања во Европа и во Азија. Растот во Еврозоната годинава ќе биде 2,3 насто, што е за 0,3 проценти повеќе од претходно предвиденото, додека следната година ќе биде 2,2 или за 0,4 насто повеќе од претходната проекција.

 

23.01.2018 13:45