Економското закрепнување на светот од пандемијата на корона вирусот продолжува, но полека, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, во говорот на интернет на видео состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г-20.

Меѓународните економски новински сајтови објавија дека Георгиева потсети дека пред три недели ММФ ја намали прогнозата за глобален раст на 4,4 отсто, делумно поради ревизијата на оценката за изгледите за раст во САД и Кина.

Таа нагласи дека оттогаш, економските показатели покажале послаба динамика на раст во 2022 година поради појавата на нова варијанта на корона вирусот – омикрон и нарушувања на синџирот на снабдување кои се подолготрајни од очекуваното. Во исто време, инфлацијата останува висока во многу земји, финансиските пазари се понестабилни, а геополитичките тензии нагло се зголемија.

„СИЛНАТА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕКСТРЕМНАТА ФЛЕКСИБИЛНОСТ НА ПОЛИТИКАТА ЌЕ БИДАТ ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА СЛОЖЕНИОТ „ТЕК СО ПРЕЧКИ“ ОД 2022 ГОДИНА“, РЕЧЕ ТАА, ФОКУСИРАЈЌИ СЕ НА ТРИ ПОЛИТИЧКИ ПРИОРИТЕТИ.

Прво, мора да се засилат напорите за борба против она што може да се опише како „економски долгорочен КОВИД“. ММФ предвидува дека економските загуби од пандемијата ќе бидат речиси 13,8 трилиони (илјада милијарди) американски долари до крајот на 2024 година, а верзијата на корона вирусот Омикрон потсетува дека континуираното и инклузивно закрепнување е невозможно додека трае пандемијата, предупреди Георгиева. 

Во такви околности, рече таа, најдобриот начин да се дејствува, покрај обезбедувањето вакцини, е да се осигура дека секоја земја има еднаков пристап до сеопфатен „пакет со алатки КОВИД-19“ кој вклучува тестови и третмани.

Второ, многу земји ќе мора да водат построга монетарна политика.

Во контекст на висок степен на несигурност и значајни разлики меѓу земјите, макроекономските политики мора внимателно да се калибрираат според околностите на секоја земја.

Треба да се намали и ризикот од влијанието на потенцијалните екстерналии врз пазарите во развој и земјите во развој.

„МОРАМЕ ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ ИНФЛАЦИЈАТА БЕЗ ДА ГО НАРУШИМЕ ЗАКРЕПНУВАЊЕТО“, РЕЧЕ ШЕФОТ НА ММФ.

Трето, државите мора да и дадат поголем приоритет на фискалната одржливост. Итните фискални мерки спроведени за време на кризата помогнаа да се спречи уште една голема рецесија.

Но, тие исто така ги подигнаа нивоата на долгот на рекордно високи.

„ВО ТЕКОТ НА 2020 ГОДИНА, ЗАБЕЛЕЖАВМЕ НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ НА ДОЛГОТ ВО ЕДНА ГОДИНА ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ПРИ ШТО ГЛОБАЛНИОТ ДОЛГ – ЈАВЕН И ПРИВАТЕН – СЕ ИСКАЧИ НА 226 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ“, РЕЧЕ ГЕОРГИЕВА.

Таа посочи дека иако многу земји се соочуваат со зголемен долг, приоритет мора да се даде на помошта на оние земји на кои им е потребно реструктуирање на долгот.

Уделот на земјите со ниски приходи кои се изложени на висок ризик или веќе имаат проблеми со долгот е двојно зголемен од 2015 година – од 30 отсто од вкупниот број на 60 отсто денес, а многумина се соочуваат со итна потреба за реструктуирање на долгот, рече шефицата на ММФ .