Транзицијата во Кина и ниските цени на стоките вршат притисок врз изгледите за економскиот раст во светот, па затоа е неопходно да се преземат решителни и координирани активности за поддршка на активностите, предупредуваат од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пред состанокот на претставници 20-те најголеми светски економии Г-20.
Ризиците зајакнаа поради нестабилноста на финансиските пазари, падот на цените на суровините, послабиот проток на капитал, депрецијацијата на валутните пазарите кај земјите во развој и послабиот раст во Кина, истакнуваат од ММФ.
ММФ укажа на потребата од спроведување на структурни реформи за зголемување на потенцијалниот бруто домашен производ (БДП) во развиените и земјите во развој. Развиените економии треба да продолжат со имплементацијата на лабава монетарна и фискалната политика со цел да се поттикне растот.
ММФ смета дека американската централна одлуките и понатаму треба да ги темели врз основа на економските индикатори и очекува ФЕД постепено да оди кон нормализација на монетарната политика, со оглед на тоа што досега нема индикации за изразени притисоци на платите и цените.
На Европската централна банка (ЕЦБ) ја советуваат да продолжи со програмата за квантитативно олеснување доколку отсуствува потребното јакнење на инфлацијата во согласност со посакуваната стабилност на среден рок.
Банката на Јапонија треба да биде подготвена за натамошно олабавување на монетарната политика стои во препораките на ММФ.
Што се однесува до новите економии, ММФ советува да се постигне соодветна рамнотежа меѓу поттикнување на економскиот раст и борба против ранливоста.
Структурните реформи за зголемување на одржлив раст се разликуваат од земја до земја и економиите кои бележат суфицит и оние со дефицит треба да ги координираат напорите за намалување на прекумерната нерамнотежа и да го зголемат растот, додаваат од ММФ.