Меѓународниот монетарен фонд објави дека постигнал принципиелен договор со Украина за заем од 5,5 милијарди американски долари за зајакнување на проблематичната економија.
Заемот, кој треба да го одобри раководството на ММФ и земјите членки, исто така зависи од условите како што се зајакнување на независноста на правосудниот систем и борбата против корупцијата, изјави директорот на Фондот Кристалина Георгиева во коминике откако разговараше по телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Со претседателот, веруваме дека економскиот успех на Украина зависи многу од зајакнувањето на владеењето на правото и интегритетот на судството, како и од ограничувањето на личните интереси во економијата“, објасни таа.
„За нас е важно да го одржуваме напредокот на банкарскиот систем на Украина“, додаде таа.