Меѓународниот монетарен фонд повторно ги намали своите изгледи за глобален економски раст оваа година и следната – од ниво кое веќе беше најниско од финансиската криза.

Од ММФ изјавија дека бруто домашниот производ годинава ќе се зголеми за 3,2 отсто, а 3,5 отсто во 2020 година. И двете проценки се 0,1 отсто пониски од претходно прогнозираните во април. ММФ, исто така, ги избриша своите изгледи за раст во глобалната трговија за 0,9 на 2,5 отсто, наведувајќи ги царините на САД и Кина, како и изгледите за излез од Велика Британија од Европската унија.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк