Замената на фосилните горива со технологии со ниска содржина на јаглерод ќе бара осум пати повеќе инвестиции во обновливи извори на енергија и ќе предизвика силно зголемување на побарувачката за метали, соопшти ММФ.
Потсетуваат дека уделот на електричната енергија произведена од обновливи извори треба да се зголеми од сегашните 10 на 60 проценти, пред се во системите што користат ветер, сончева и хидроенергија. Уделот на фосилните горива истовремено ќе се намали од речиси 80 на околу 20 проценти.
Фотоволтаичните системи користат големи количини бакар, силициум, сребро и цинк за производство на електрична енергија, а турбините на ветер содржат железна руда, бакар и алуминиум, потсетуваат тие.
Силен извор на побарувачка на метали ќе бидат и електричните возила, посочуваат тие.
Во такви услови побарувачката на метали и нивните цени би можеле силно да порастат со текот на годините, предупредуваат од ММФ.
Така, цената на литиумот може да порасне од минатогодишните 6.000 на околу 15.000 долари за метрички тон во втората половина на деценијата и да остане висока во поголемиот дел од следната деценија, а сличен скок во наредните години ќе биде забележан и кај кобалтот и цените на никелот.
Развојот на рудници е долг процес и често трае 10 години или повеќе, забележува ММФ.
Со оглед на проектираниот пораст на потрошувачката на метали до 2050 година според сценариото за нето нулта емисии, сегашното производство на графит, кобалт, ванадиум и никел се чини дека е недоволно и би било повеќе од две третини пониско од побарувачката.
Недоволна е и понудата на бакар, литиум и платина, што ќе заостане зад побарувачката за некои 30 до 40 проценти.
Некои метали ќе бараат повеќе инвестиции, а некои би можеле да претставуваат поголем проблем поради малите резерви, соопшти ММФ. Компаниите би можеле да ги зголемат со иновации во технологијата за екстракција и зголемена потрага по наоѓалишта, сугерираат тие.
Решение нуди и рециклирањето, што веќе се практикува во случај на бакарот и никелот, а е се` почеста практика во случајот со литиумот и кобалтот.
Проблем е и концентрацијата на депозити во одредени земји, при што се потенцираат ризиците од можни тесни грла во понудата во случај инвестициите во производните капацитети да не го следат растот на побарувачката, но и можните геополитички ризици.
Така, Демократска Република Конго произведува 70 отсто од светскиот кобалт и содржи половина од резервите на металот. Неговата позиција е толку доминантна што продолжувањето на производството на сегашно ниво значително би ја попречило енергетската транзиција, посочуваат од ММФ.
Истото важи и за Кина, Чиле и Јужна Африка, водечки производители на други метали клучни за енергетската транзиција.
Друг проблем е што рударството влијае на животната средина и го забрзува глобалното затоплување, иако многу помалку од производството на јаглен и гас. Ова, пак, го отежнува пристапот до финансии, па компаниите треба да ги подобрат еколошките стандарди за да обезбедат инвестиции, сугерира ММФ.