Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска вели дека Левица го поддржа укинувањето на економските директори на клиниките, за подоцна законот да биде изигран од власта и економските директори да станат советници.
„Имаше закон за укинување на економските директори на клиниките, којшто Левица го поддржа. За после да видиме како истите тие економски директори стануваат советници на директорите“, рече Мојсоска на дебата на Клан.
Мојсоска констатираше дека намалувањето на администрацијата била уште една предизборна лага на Власта и наместо да ги укине заменик директорите, таа, на пример во Царина, од еден, воведе два заменици директори, за да има вакво столче, и за Вреди и за ЗНАМ.
„Министерот Мисајловски имаше изјава дека ќе се намали администрацијата и дека ќе се укинат заменик директорите во сите институции. Па ние гледавме во собрание, без тотално рационално објаснување се изгласа трет директор за царина на ЗНАМ.“
Генералниот секретар на Левица истакна дека слабостите искажани во Извештајот на Европската комисија, се проблеми кои партијата многукратно ги артикулирала, и посочувала на негативните последици од истите.