Молк во Дирекцијата за индустриски зони (ТИРЗ). Немаат одговор на прашањата на Алфа какви точно објекти ќе се градат во вредност од речиси 29 милиони евра, народни пари.
Според договорот склучен со компанијата „Стентон градба“ треба да бидат направени неколку објекти за времено сместување – амбуланта во зоната во Скопје, како и скаладишта и градинки во зоните Скопје, Штип и Прилеп.
Од ТИРЗ не одговораат на прашањата – која е целта на оваа огромна инвестиција која досега никаде не беше најавена, зошто договорот е склучен сега, на само неколку месеци пред изборите и само еден месец пред формирањето на техничката Влада, колку квадратни метри ќе бидат изградени и која е цената по квадрат, дали објектите ќе бидат цврста градба или монтажни.
Многу неодговорени прашања за овој огромен тендер кој го доби комапнијата „Стентон градба“ која веќе работи на повеќе државни проекти, меѓу кои и изградбата на железничкиот коридор Бељаковце – Крива Паланка, браната во штипско на реката Отиња, а е и еден од подизведувачите за изградба на автопатите, проект кој го доби Бехтел и Енка.