Едни од позначајните показатели во последното соопштение се следните :

По високиот раст во декември минатата година, во јануари, вкупните депозити и кредити се намалија за 0,8% на месечна основа, што е вообичаена сезонска динамика во овој месец од годината.

 На годишна основа, остварувањата кај монетарните и кредитните показатели и натаму се солидни. Годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 10,6% и е резултат на повисоките депозити кај двата сектори, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“ (59,9%). Во првиот месец од годинава, вкупните кредити се зголемија за 7,8%, при што годишниот раст во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“.

 

Соопштението е достапно и на следнава врска: http://nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-dst-21022019.nspx