Народната Банка на Р. Македонија излезе со соопштение за медиумите во однос на движењата на паричната маса, кредитите и депозитите за јули 2018 година.

Можеме да забележиме дека постои раст во кредитирањето и депозитите, според извештајот кој следи :

 

Монетарни движења во Република Македонија: јули 2018 година
‒ Паричната маса (монетарниот агрегат М3) во јули забележа месечен раст
од 1,5%, во најголем дел како резултат на растот кај депозитните пари и готовите
пари во оптек (придонес од 71,2% во месечната промена). Споредено на годишна
основа, во услови на раст кај сите компоненти, паричната маса е зголемена за
11,4%, што во најголем дел произлегува од растот кај депозитните пари, по што
следуваат краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години.

‒ Во јули вкупните депозитибележат месечно зголемување од 1,3%, во услови на
раст кај двата сектора, поинтензивен кај корпоративниот сектор. Анализирано на
годишна основа, во јули продолжува нагорниот тренд на раст на депозитите, кој
достигна 11,3%. Овие остварувања се резултат на растот на депозитите на двата
сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

БанкоМетар.мк Анализа : Согледувајќи ги овие параметри, станува збор за стабилен раст на монетарната маса, како и за раст на депозитите на домаќинствата, што од друга страна е индикатор за добра и стабилна акумулација и раст на економијата. Добрите политика на НБРМ во поглед на стабилноста на валутата и монетарните текови даваат оптимистички знаци…