Европската комисија планира да ги укине монетите од еден и два евро-цента, пишува германскиот „Зидојче цајтунг“.
Весникот наведува дека Европската комисија утре ќе ја претстави работната програма што содржи предлог за едно правило на заокружување со цел елиминирање на најмалите монети.
Дневникот укажува на извештајот од Европската комисија за 2008 година, според кој сè повеќе и повеќе земји од еврозоната се префрлиле на заокружување на цените на пет центи.
Укинувањето на монетите од еден и два цента ќе заштеди трошоци за производството, како и нивно броење и транспорт, се вели во извештајот.