Меѓународната рејтинг агенција „Moody’s“ повторно им даде на САД најдобар можен кредитен рејтинг „ААА“.

Потврдувањето на највисокиот кредитен рејтинг ја одразува извонредната економска моќ на земјата, потенцираат од „Moody’s“. Изгледот на кредитниот рејтинг е „стабилен“ од страна на агенцијата, така што во моментов не се очекуваат големи промени „Moody’s“ ги објасни причините за оваа одлука, меѓу другото, со динамика и конкурентноста на американската економија и статусот на доларот, како главна валута во светот.

 

Покрај тоа, се очекува исклучително големиот пазар на државни обврзници на САД да обезбеди стабилно финансирање, дури и со неодамнешната политичка одлука за зголемување на долгот. Владата на Доналд Трамп ги намали даноците претходно во оваа година, што може да го поткопа државниот буџет, објави „Ројтерс“.

„Moody’s“ го набљудува трговскиот конфликт меѓу Кина и САД, но не се очекува царините, објавени од двете страни, да бидат целосно исполнети.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави во вторникот дека САД најверојатно ќе постигнат трговски договор со Кина и дека претставници од двете земји ќе седнат на преговарачка маса за неколку дена.

„Ако работите конечно се развијат на начин кој е надвор од нашето основно сценарио, тоа ќе биде негативно и за двете страни, и за светскиот пазар, но нашите очекувања се дека тоа ќе биде договорено“, вели аналитичарот во „Moody’s“, Вилијам Фостер.

„Standard & Poor’s“ е единствената од трите главни агенции за рејтинг, кој моментно не додели највисока оценка „ААА“ на најголемата економија во светот.