Наскоро почнува последниот месец во кој граѓаните нема да си ги плаќаат ратите за кредитите. Оваа антикризна мерка истекува на крајот на септември, што значи дека од октомври граѓаните ќе треба да почнат да ги плаќаат ратите на кредитите кои им беа “замрзнати“ во април годинава, како една од антикризните мерки воведени поради пандемијата со ковид-19. Но, сè поочигледно е дека од есенва економската криза ќе се заостри, што би довело до понатамошно губење на работните места и намалување на платите, а со тоа и неможност да се продолжи со редовна отплата на ратите. Со тоа состојбата ќе стане уште подраматична. по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот систем, изјави гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска во неделното интервју за весникот ВЕЧЕР. И дел од банкарите сметаат дека мораториумот за кредитите треба да продолжи. Директорот на ТТК банка, Драгољуб Арсовски, смета дека оваа антикризна мерка треба да продолжи барем уште шест месеци.
Наскоро почнува последниот месец во кој граѓаните нема да си ги плаќаат ратите за кредитите. Оваа антикризна мерка истекува на крајот на септември, што значи дека од октомври граѓаните ќе треба да почнат да ги плаќаат ратите на кредитите кои им беа “замрзнати“, како една од антикризните мерки воведени поради пандемијата со ковид-19. Но, сè поочигледно е дека од есенва економската криза ќе се заостри, што би довело до понатамошно губење на работните места и намалување на платите, а со тоа и неможност да се продолжи со редовна отплата на ратите. Со тоа состојбата ќе стане уште подраматична.
Владата веќе најави четврти сет на мерки од есен, со кои ќе се помогне на граѓаните и на фирмите во справувањето со последиците од корона-кризата. Сите детали за тоа што точно ќе содржи новиот пакет мерки, сè уште нема, така што не се знае дали пакетот кој треба да им помогне на граѓаните и фирмите ќе содржи и ново пролонгирање на враќање на кредитите во банките. Сè уште нема конкретно одлука за пролонгирање на оваа мерка, но затоа, пак, има смирувачки тонови од двете најкомпетентни институции – Народната банка и Македонската банкарска асоцијација. Поддршка даваат и дел од банкарите.
– Постојано го следиме развојот на случувањата и притоа, секако, подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз основа на кои наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот систем, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска во неделното интервју за весникот ВЕЧЕР.
Со сличен став се и од МБА во која членуваат банките.
– Македонската банкарска асоцијација и нејзините членки активно ја следат економската состојба во државата и максимално се заложуваат преку своето работење да дадат поддршка за македонската економија, како во периодот на корона-кризата, така и во посткризниот период, придонесувајќи за нејзиното опоравување. Доколку во натамошниот период, околностите поврзани со пандемијата на ковид-19 наметнат потреба од нови активности, членките на Македонска банкарска асоцијација ќе ја разгледаат можноста за понатамошна помош на населението и стопанството во услови на пандемија. Во овој момент нема услови да се предвидува развојот на настаните и да се коментираат следните активности. Македонската банкарска асоцијација е целосно посветена на изнаоѓање на решенија за надминување на проблемите предизвикани од оваа криза, изјавија неодамна за ВЕЧЕР од МБА.
Овие две изјави во контекст на актуелните околности поврзани со здравствено-економската криза влеваат надеж дека граѓаните и во иднина, барем на одреден период, ќе имаат едно гајле помалку – нема да се грижат дали и како ќе ја платат ратата од кредитот.
Дека мораториумот на отплатата на главнината на кредитот треба да продолжи сметаат и банкарите кои ги консултиравме. Директорот на ТТК банка, Драгољуб Арсовски смета дека мерката би требала да продолжи.
-Ќе направиме што ќе кажат надлежните, но јас мислам дека мерката треба да се продолжи. Сега економската состојба е многу полоша од тогаш кога мерката се донесе, а се очекува допрва да се влошува. Кога почна мораториумот имавме по дваесетина заболени од ковид-19, а сега бројката е трицифрена. Мислам дека Народната банка би требало да донесе одлука која ќе ни овозможи да ги замрзнеме кредитите, вели тој за весникот ВЕЧЕР.
Мислење на Арсовски е дека мораториумот на отплатата на кредитите би требало да продолжи барем уште шест месеци, зашто во меѓувреме може да се пронајде вакцина или лек и ситуацијата да се стави под контрола. Во спротивно, ако од октомври продолжи редовната отплата на кредитите, според него ситуацијата ќе биде многу лоша и стресна. Во тој случај би морале да се спроведат супервизорските стандарди и клиентите, од кои можеби некои изгубиле работа да се притискаат редовно да ги враќаат ратите.
Мораториумот на кредитите како владина антикризна мерка почна да се применува во април и тогаш дури 70 проценти од кредитокорисниците се изјаснија за одложување на ратите за период од шест месеци, до крајот на септември. Но додека трае мерката ним им се пресметува камата на долгот, која ќе се прераспредели на подоцнежните рати. Исто така, дадена е и можност граѓаните кои прифатиле одложено плаќање на кредитите да ја сменат одлуката и да продолжат редовно да си ги намируваат ратите. Банкарите советуваат оваа мерка да не ја користат граѓаните кои се во можност редовно да си го намируваат долгот. Според нивните анализи, најголем процент од замрзнатите кредити се потрошувачки, а помалку се хипотекарни, односно станбени.
За земени кредити фирмите им должат на банките 2,7 милијарди евра, а граѓаните 2,8 милијарди евра. Мораториум на кредитите на почеток на корона-кризата прогласија голем број држави во светот, а некои од нив од плаќање на кредитите ги ослободија граѓаните и фирмите до крајот на годинава.