Од 1 јануари, снабдувањето со нафта е стопирано и во тек се преговори за нов договор
Русија е подготвена да го продолжи снабдувањето со нафта за Белорусија под условите утврдени во 2019 година, според анонимен извор цитиран од Блумберг близок до преговорите меѓу Москва и Минск.
Според условите од минатата година, трошењето на Белорусија ќе биде помало за 1,6 милијарди американски долари во 2020 година во однос на увозот од друга страна, во однос на пазарните цени и трошоците за превоз. Вредноста се заснова на целогодишно снабдување со 24 милиони тони нафта. Русија го прекина снабдувањето со нафта за Белорусија на 1 јануари по истекот на сегашниот договор, со тоа што двете земји сега преговараат за нов договор.
Вчера Белорусија објави дека е близу до договор за првична испорака од руска компанија, без да мора да плаќаат однапред. Последните години, поранешната советска република купува нафта од Русија под услови слични на оние на независните рафинерии на Русија, според анонимен извор.
Операторот на Русија „Транснефт“ го разгледува извршувањето на барањето за набавка на 133 милиони тони лесна сурова нафта на рафинеријата „Нафтан“ во Белорусија, се вели во официјалното соопштение на руската компанија. Руснефт и Нефтиша, контролирани од рускиот милијардер Михаил Гуцериев, исто така, најверојатно ќе обезбедат нафта за истата рафинерија, јавува руската новинска агенција Интерфакс.
Белорусија, која традиционално се потпира на снабдување со енергија од Русија, смета дека ќе изгуби од промените во оданочувањето на Русија. Од 24 милиони тони нафта што Белорусија ја доби според претходниот договор, 18 милиони тони беа за белоруските државни рафинерии. Остатокот беше наменет за извоз во други земји, но Кремлин одлучи да ги прекине испораките под вакви услови. Покрај тоа, Москва инсистира на продлабочување на економската интеграција меѓу двете земји, што предизвика јавно незадоволство во Белорусија, а и протести се одржаа во Минск.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк