Рускиот претседател, Владимир Путин, ја продолжи забраната за увоз на храна од западот за уште 18 месеци, после одлуката на ЕУ да ги продолжи санкциите кон Русија поради Украина.
Продолжената забрана ќе трае до 31 декември 2019 година.
САД и ЕУ воведоа неколку рунди санкции до Русија, со цел да ја казнат Москва, поради анектирањето на Крим и поддршката на протестантите на исток во Украина. Укинувањето на санкциите, зависи од напредокот во примената на мировниот договор за Украина од 2015 година.
Русија тврди дека договорот не се имплементира поради Киев, а не поради Москва.
Санкциите и нанесоа штета на руската економија, ограничувајќи и го пристапот до финансиските пазари и спречувајќи увоз на важни технологии.
За потсетување, во екот на трговската војна помеѓу САД и Кина, САД подготви нов список на увозни кинески производи во вредност од 200 милијарди долари годишно, на кои од септември би можеле да бидат воведени нови такси.
Кина веднаш реагираше и соопшти дека ќе бидат принудени да преземат возвратни мерки, после новите американски закани за царини на 200 милијарди долари увоз од Кина.
На мета е и Германија, која американскиот претседател Доналд Трамп, ја обвини дека е под контрола на Русија. Трамп го критикуваше енергетскиот договор помеѓу Брисел и Москва, истакнувајќи дека Русија ја контролира Германија преку енергетски ресурси.
Вашингтон, повторно ги предупреди западните компании, кои вложуваат во рускиот гасовод Северен тек 2 кон Германија, дека и тие ризикуваат воведување на санкции.