Магазинот „Форбс“ го објави својата најнова ранг листа на градови со најмногу милијардери во 2025 година. На таа листа, главниот град на Русија, Москва се искачи на второто место во светот по бројот на милијардери, веднаш зад Њујорк.
Според магазинот „Форбс“, во руската престолниба во моментов живеат 90 милијардери. Нивниот број се зголемил за 16 лица во текот на годината. Нивното вкупно богатство се проценува на 409 милијарди долари. Лидер меѓу руските бизнисмени останува основачот на „Лукоил“, кој бележи раст од 200 милиони долари.
Годинава, Њујорк останува број еден според бројот на екстремно богати луѓе. Вкупно, градот има 123 милијардери. Првите три градови на рангираето на „Форбс“ ги надополнува Хонг Конг, каде што живеат 72 милијардери.