Можно е поскапување на парното греење. ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика доставило барање за зголемување на трошокот за гориво за речиси 13%. До крајот на оваа недела треба да биде закажана седница на која ќе се разгледува ова барање.
ЕСМ го поништи и претходно објавениот повик за набавка на гас за месец февруари. Од компанијата велат дека причина за тоа била понудената цена.
„Не беше извршен избор за најповолен понудувач затоа што не беше постигната таргетирана цена со која ќе се остварат пониски трошоци при производство на топлинска енергија кај регулираниот производител“ велат од ЕСМ.
Минатата година со стартот на грејната сезона беа набавени количини за три месеци. Сега , тоа се прави на месечно ниво.