Владата на денешната седница донесе и Одлука за престанок на важењето на Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одредена стока.
Со оваа владина одлука, производителите, дистрибутерите и трговците ќе имаат можност да ги стават сите земјоделски и прехранбени производи на акција и промоција.
И оваа одлука е донесена на предлог на Министерството за економија, по направени консултации со бизнис секторот, а во интерес на граѓаните да има акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) на производите.
Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.