Земјоделците кои сакаат да инвестираат во насади или преработувачки капацитети можат да се јават на огласот кој ќе трае до 9-ти декември. Понудени се скоро 1.450 хектари во 15 општини. Изборот ќе биде по пат на електронско наддавање.
Земјоделците кои освен примарно производство сакаат да подигнат и преработувачки капацитет можат да аплицираат на огласот кој ќе трае до 9-ти декември годинава. Парцелите се поголеми од 3 хектари и се наоѓаат во 15 општини низ целата држава.
Времетраењето на закупот е од 15 до 70 години во зависност од видот на културата која ќе се одгледува. Освен за примарно производство, заинтересираните закупци треба да понудат и бизнис план за инвестиции во преработувачки капацитети.
Право да конкурираат имаат сите домашни физички и правни и странски правни лица. За земјоделци или за трговски друштва со управител на возраст до 40 година, плаќањето на закупнината почнува три години по склучувањето на договорот за закуп.
Огласот ќе се спроведе по пат на електронско јавно наддавање.
Годинава се потпишаа 17 вакви договори со вкупна инвестиција од 11 милиони евра кои ќе се вложуваат во следните пет години во изградба на винарници, кланици, мелници, оранжерии и откупни центри.