Кредитната рејтинг агенција Мудис во својот најнов извештај предупредува на влошените финансиски изгледи за САД.

– Потенцијалното негативно влијание врз кредитниот рејтинг од постојано високите царини, нефинансираните намалувања на даноците и значителните ризици за економијата ги влошија изгледите дека значајните предности на САД ќе продолжат да го неутрализираат растечкиот буџетски дефицит, наведува Мудис.

Агенцијата додава дека фискалната одржливост на САД е „на повеќегодишна надолна траекторија“.

Според аналитичарите, политиките на администрацијата на Трамп кои вклучуваат високи царини и планови за намалување на даноците би можеле да направат повеќе штета отколку корист за приходите на американската влада.

Мудис истакнува дека фискалната слабост на САД веројатно ќе потрае дури и при многу поволни економски и финансиски сценарија.

Се предвидува односот на јавниот долг на САД и бруто домашниот производ да се зголеми од речиси 100 отсто во 2025 година на приближно 130 отсто во 2030 година.

Достапноста на долгот ќе се влошува со уште побрзо темпо. Во 2021 година девет отсто од приходите биле потрошени за камати, а во 2035 година овој процент ќе биде 30 отсто, се додава во извештајот.