МВР за речиси 3.200 проценти го зголеми надоместокот на образец за постојан престој на странец за кого е задолжително пополнување на ваков документ поради престој во државата.

До крајот на март, услугата на МВР чинела 190 денари, а со одлука на министерот Панче Тошковски, цената е зголемена на 6.150 денари односно на 100 евра иако претходно чинела нешто повеќе од три евра.

Со истата одлука, крената е и цената на образец за пријавување на привремен престој односно наместо како досега 190 денари ќе се наплаќа 4.000 денари.

Од МВР велат дека зголемувањето на надоместотокот е поради зголемениот број на барања за обработка, за издавање на дозволи за престој во Република Македонија на лица странци по сите основи како и поради зголемена потрошувачка на ресурси.

Во одговорот, од МВР посочуваат дека „стратешка определба на Министерството е преку унапредување на процесите и дигитализацијата да креира побрзи и подостапни услуги за своите граѓани.