„Не инсталирајте софтвер за далечински пристап на барање на непознати и внимавајте на повици од непознат или сомнителни телефонски броеви. Во случај на сомневања за измама веднаш контактирајте ја вашата банка или пријавете го случајот во МВР“, се вели во соопштението од полицијата.

Забележана е зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како финансиски советници и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) апелирајќи до граѓаните да бидат претпазливи во комуникација со непознати лица што нудат финансиски совети преку интернет.

МВР апелира до граѓаните да бидат внимателни оти тие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, начин преку кој успеваат да ги привлечат жртвите.

„Не инсталирајте софтвер за далечински пристап по барање на непознати и внимавајте на повици од непознат или сомнителни телефонски броеви. Во случај на сомневања за измама веднаш контактирајте ја вашата банка или пријавете го случајот во МВР“,

се вели во соопштението од полицијата.

Од Секторот за компјутерски криминал ја објаснуваат постапката како измамниците воспоставуваат контакт со жртвите преку социјалните мрежи. Велат дека откако ќе се поврзат преку социјалните мрежи, со жртвите комуницираат преку телефонски повици за да стекнат доверба, користејќи VOIP-броеви, кои обично изгледаат како локални броеви.

Потоа ги убедуваат да инсталираат софтвер за далечински пристап, под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување. Откако ќе добијат пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, тие преку електронското банкарство ги земаат парите од банкарските сметки на жртвите.

Така, според МВР, жртвите сфаќаат дека се измамени.