Министерството за здравство со помош на Владата на Република Македонија обезбеди буџетски средствата за исплата на приватните специјализанти запишани на конкурсот во јануари 2018 год.
Сите приватни специјализанти (92-ца кандидати) кои се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надоместок на последниот конкурс за приватни специјализации не биле искалкулирани во буџетот на РМ донесен при крајот на 2017 година. Од тие причини стручните служби работеа подолго време од вообичаеното со цел да обезбедат буџетски средства за сите колеги-специјализанти да добиваат редовен месечен надоместок за нивниот труд и работа. Со тоа ја исполнивме нашата цел сите приватни специјализанти да бидат наградени за вложениот труд.
Потенцираме дека средствата на специјализантите ќе бидат исплатени ретроактивно односно од моментот кога министерството се заложи и вети дека ќе ја започне исплатата, поточно од месец јуни 2018 год.
Оперативно, исплатата ќе започне веднаш штом се завршат процедурите помеѓу ФЗОМ и Клиниките на кои специјализираат приватните специјализанти, односно во најбрз можен рок.
Дополнително, потенцираме дека Клиниките редовно ги исплаќаат специјализантите (околу 200) кои во моментот се активно на специјализација запишани во минати години.