Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат земјоделците производители на поледелски култури (пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион), градинарски култури, овошје и грозје, дека во тек е поднесувањето на барања за дополнителни директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за следните подмерки:
- „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
- „Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
- „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
- „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
- „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
- „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
- „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“
Земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потебно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата.
Напоменуваме дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.
Како корисници кај мерката 1.3 се јавуват земјоделски стопанства корисници на подмерката 1.1 „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун”, кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа мерка се исто така земјоделски стопанства, кои се корисници на подмерката 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Кај подмерките 1.5, 1.9 и 1.13 како корисници се јавуваат земјоделски стопанства, кои се корисници на основните подмерки 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници, 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади и 1.12 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади, и оствареното производство да е предадено на регистиран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, или да е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.
Како корисници на посмерката 1.7 се јавуваат земјоделски стопанства, кои имаат засадено површини со градинарски култури, и се корисници на подмерката 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници. Оствареното производство да им е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук, директно, или преку еден регистриран откупувач, во период од 26 декември 2022 година, до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Кај подмерката 1.10 како корисници се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат имаат засадено површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка, и се корисници на подмерката 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. Оствареното производство, потребно е, да биде предадено во преработувачки капацитет за овошје директно, или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Како корисници кај подмерката 2.20 се јавуваат земјоделските стопанства, кои се запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, упатува апел до сите земјоделци, навремено да аплицираат, остварувајќи го правото за дополнителни директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.