Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја објави производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за оваа година, Смедеревка и Вранец, откако Земјоделскиот институт – Скопје ја изработи пресметката за производна цена за килограм, зголемена за 25 отсто согласно Законот за вино.
Од МЗШВ соопштуваат дека производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25 отсто ќе изнесува 20,8 денари, додека производната цена на килограм грозје Смедеревка зголемена за 25 отсто ќе изнесува 18,3 денари.
– Во тек е средба помеѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и менаџментите на Винските визби и откупувачите на грозје. Тема на разговор на денешната средба е квалитетот, производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година и откупот, информираат од МЗШВ.