Во Вторникот Њујоршката берза после тежок работен ден се опорави. За ова придонесе растот на технолошкиот сектор и добрата состојба на енергетскиот сектор. Главниот индекс „Dow Jones”, порасна за 1,65% на 24.033,36 поени. „Nasdaq” што е одраз на технолошките компании порасна за 1,04% или 6,941,28 поени. Широкиот индекс ,,S&P 500”, порасна за 1,26% на 2.614,45 поени. За прв пат од јуни 2016-тата година овој индекс падна под просекот, што е важен технички праг за брокерите.
„Инвестиротите посебно внимаваат на следниот фактор кој може да ги загрози индексите, а тоа би требало да се случи во иднина откако ќе бидат објавени сезонските оперативни резултати“, изјави Адам Сархан од команијата „50 Park Investment”.
Месечните податоци за продажбата на автомобили, беа единствениот главен индикатор во вторникот, а првите четири производители на автомобили во САД забележаа раст на продажбата.
Но, генерално, “пазарот е треска”, рече Квинси Кросби од „Prudenšal”.
„Инвеститорите очигледно се нервозни поради можноста за ескалација на тарифните бариери(помеѓу САД и нивните трговски партнери), а нервозни се и поради неизвесноста околу следната одлука на централната американската банка(ФЕД) , додате тој.
Добрата состојба на енергетскиот сектор претставена во индексот „S&P 500“, го поттикна растот на овие акции за 2,14%, поради зголемувањето на цената на нафтата. Во вторникот се вратија и ,,Amazon” со +1,46% и ,,Tesla” со +5,96%.
Состојбата на пазарот за обврзници и понатаму е напната. 10 годишната камата на американските државни обврзници која изнесуваше 2,730%, сега порасна за 2,783%, а каматата на 30 годишните обврзниците порасна од 2,962 на 3,021%.