Малите и средни петпријатија , кои се најчесто и семејни бизниси, вработуваат 76% од работоспособното население во земјата и тие се стожер на македонското стопаство. Фактот дека нивниот опстанок е загрозен, во дури 70% случаеви, доколку не се направи правилен пренос на сопствеништвото или не се професионализира на време компанијата е загрижувачки.

Од, друга странаво Македонија сопствениците кои ги основале овие бизниси пред 30тина години, сега се во својата шеста или седма деценија од животот и сега е време да посветат внимание на прашањата врзани за преносот на семејниот бизнис.

 

На 19 јуни во Сити Хол Центар, Скопје, ќе се одржи четвртата конференција – “Најголемиот предизвик на семејниот бизнис”  во организација на Clear View бизнис тренинг центар на која македонските бизнисмени кои се свесни за важноста за подготовката за овој процес на пренос на сопственоста ќе имаат можност да слушнат:

Регионално истражување за процесот на пренос на сопственост

·  Каде сме и на каде треба да се движиме?

·  Каква е регионалната,  а каква европската практика?

·  Дали е ова грижа само на сопствениците ?

Искуства

Не постои единствено решение за ова прашање. Едукацијата има свое место, но потребно е и:

·  Да се разговара на темата

·  Да се погледне во искуствата на другите.

·  Извлечените поуки да се применат соодветно на специфичните семејни и компаниски прилики.

Правни аспекти на процесот

·  Проблеми и последици од непознавање на правните механизми

·  Зошто се водат долгогодишни спорови за решавање на прашањето на наследство?

·  Може ли тоа да се спречи ? Како? Кои  решенија треба навремено  да ги вградите?

Корисни и едукативни содржини на оваа тема може да најдете на блогот за конференцијата.

На конференцијата како гости и оваа година ќа бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси. Повеќе детали за конференцијата има на официјалниот сајт.