Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потсетува дека на 25 јануари истекува рокот за доставување документација за јавниот оглас за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата.
Ова е втор јавен повик за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии, што го објавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Право на учество на јавниот повик имаат физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти кои се во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.
Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост”, се вели во соопштението од Министерството.
Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство повикува сите заинтересирани да достават комплетна документација и да го запазат рокот за доставување, со цел побрзо да се склучат договорите.