Во петокот на 27 април, на терените на Тенискиот центар МТП се оддржа завршниот час од бесплатната тениската школа за деца на возраст од 6 до 12 години, организирана од Еуролинк осигурување.
Тениската школа започна на 30 март, и во текот на еден месец младите учесници ги изучуваа основните техники во тенисот, се создадоа нови пријателства а децата се стекнаа со ново искуство. На завршниот час децата ги презентираа совладаните техники пред своите родители, а Еуролинк осигурување заедно со професионалниот тренер по тенис Круно Деспотовски, на сите учесници во школата, им додели сертификат за успешно завршена тениска школа, со надеж дека љубовта кон овој спорт, ќе продолжи и во иднина, а за некои од нив ќе стане и нивна професионална определба.
Со вистински вредности, до здрави, среќни и успешни деца.
Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност, ,, Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’, која годишно реализира повеќе активности од областа на културата, образованието и уметноста во Република Македонија.
.