Владата планира да се задолжи за огромни 24,3 милиони евра. Имено, на 28 овој месец закажано е ново задолжување од огромни 24,3 милиони евра кое е објавено на официјалната страна на Народна банка на Република Македонија .
Според експертите владата континуирано и без причина се задолжува додека вложувањето во капиталните проекти е очајно ниско. Во тој случај се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.
Голем дел од економистите континуирано излегуваат со критики кон владата за расипничкото и неекономско работење со парите на граѓаните додека стратешките проекти кои се од долгорочен интерес на државата изостануваат.
Дополнително јавниот долг на државата според сите извештаи на реномирани финансиски институции расте и ја надмина психолошката граница од 50 %.