Им требало неколку часа за да ја вратат трансакцијата.
Оваа грешка, која се случила лани во април, а досега не била јавно позната, ја пропуштил вработениот задолжен за плаќања и друг вработен чија задача била да ја провери трансакцијата пред да биде одобрена, пишува Фајненшл тајмс.
Само третиот вработен го забележал проблемот со салдото на сметката, препознавајќи ја грешката 90 минути по евидентирањето на уплатата. Трансакцијата била откажана неколку часа подоцна, според интерниот извештај што го виделе Фајненшл тајмс и две лица запознаени со ова прашање.
Ситигруп соопштиле дека нејзините „контроли за откривање брзо ја идентификуваа грешката во внесувањето помеѓу двете сметки и ние веднаш го сменивме уписот“, нагласувајќи дека неговите системи „ќе спречеа каков било одлив на средства од банката“.
„Иако немаше никакви последици ниту за банката ниту за нашиот клиент, овој случај ја истакнува нашата посветеност да продолжиме да ги автоматизираме контролите и да ги елиминираме рачните процеси“, додаваат тие.