Земјоделците кои сакаат да инвестираат во своето производство можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот јавниот повик од ИПАРД 3 програмата. Неповратната финансиска поддршка се однесува за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Кофинансирањето е најмалку 60 проценти од вложените средства …

Земјоделците можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата. Платежната агенција објави најава за поддршка на инвестициите во основни средства на земјоделски стопанства.

Прифатливи се набавките на градежни материјали за изградба или реконструкција на згради и објекти, на нова земјоделска механизација или на повеќегодишни растенија.

Барателите треба да имаат најмалку 0,3 хектари земјоделско земјиште за инвестиции во оранжерии или 1 хектар за одгледување на повеќегодишни растенија, зеленчук, житни и индустриски или за производство на добиточна храна.

Кофинансирањето е 60 проценти од трошоците кое може да се зголеми до 65 доколку инвестицијата е во планинските подрачја или до 70 за млади земјоделци.

Инвестициите треба да се од најмалку 20 000 до најмногу еден и пол милион евра за поединечен проект.

Јавниот повик ќе трае 45 дена од денот на неговото објавување.