Денес, на Македонската берза излезе многу интригантно соопштение од страна на Управниот Одбор на Охридска Банка А.Д. Скопје и Синдикатот на банката во кои се навестуваат одредени промени во работењето, а како најзначајна ја наведуваме воведената опција за технолошки вишок.

Имено, по превземањето на Банката од страна на понудувачот Штајермаркишен Банк унд Шпаркасе ( Шпаркасе Банка ), покрај воведувањето на нови работни процеси и модели, изричито се наведува опцијата од прогласување на технолошки вишок. Тоа е најверојанто барање на купувачот како сет мерки за зголемување на оптимизацијата.

Она што е интересно, е дека Управниот одбор на Охридска Банка е на истото мислење со новиот сопственик, што донекаде е логично, но она што не е логично е дека и Синдикатот на банката однапред е согласен со овие измени кои ќе следат.

Едноставно, синдикатот на банката и неговиот водач се предаваат без борба оставајќи ги членовите на синдикатот на милост и немилост на бранот промени кој следи.

За повеќе детали околу овие мислења можете во оригинал да пронајдете на следниот линк.