Сем Бенкмен Фрид, основачот на неуспешната услуга за тргување со криптовалути FTX, е уапсен на Бахамите, а американските федерални обвинители поднеле кривична пријава против него во Њујорк.
„Претходно оваа вечер, властите на Бахамите го уапсија Самуел Банкмен Фрид, на барање на американската влада, на запечатено обвинение“, напиша синоќа на Твитер државниот обвинител Демијан Вилијамс.
Сем Бенкмен Фрид е еден од најбогатите луѓе на денешницата, кој во последните денови ја разбранува јавноста со својата биографија и деловни акции.
До 30-годишна возраст, тој го помина вистинскиот холивудски пат од љубител на видео игри, преку MIT, статусот милијардер, поседување на втората најголема берза за дигитални валути во светот и дружење со познати личности, до целосен колапс на пазарот на крипто и губење на богатство. Еве го детето кое ја фрли индустријата од три трилиони долари на колена.