Според локалните медиуми во Данска, лидерите на Социјално-либералната партија (радикали Венстре) сметаат дека Данска треба да привлече повеќе квалификувана работна сила од странство во наредните години.
Оваа партија ќе побара од Владата да расправа по ова прашање што е можно поскоро и нагласија дека треба да се издвојат и поголеми средства од државниот буџет за оваа намена.
„Владата беше формирана со ветување дека земјата ќе може да прими повеќе странски работници и тоа конечно треба да се реализира“, изјави пред новинарите Мортен Кстергард, лидер на Социјално-либералната партија.
Според договорот, Владата и неколку левичарски партии се согласија да ги олеснат бирократските процедури со цел да привлечат повеќе странски квалификувани работници во Данска.
„Факт е дека странските работници придонесуваат за економскиот напредок и тоа сигурно ќе ни даде можност да инвестираме повеќе во нашите деца, образованието и другите важни работи. Затоа навистина не разбирам зошто Владата сè уште не е проактивна за ова круцијално прашање за земјата “, додаде Кстергард.
Матијас Тесфај, министер за имиграција и интеграција на Данска, рече дека е свесен дека на многу компании им се потребни квалификувани работници, додавајќи дека ќе бидат направени понатамошни напори за решавање на проблемот.