Домаќин на министерската конференција е министерот Љупчо Николовски.
Денеска ќе се одржи првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и искуства во обновувањето на шумите“.
Домаќин на министерската конференција е министерот Љупчо Николовски, а учество ќе земат Владимир Јоковиќ вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Анила Денај министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија, Фатон Пеци министер за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово и Мирослав Маринов заменик министер за земјоделство и храна на Бугарија.
Во рамки на министерската конференција министрите ќе одржат министерска тркалезна маса каде ќе разговараат за обновувањето на шумите и пошумувањето како стратегии за справување со предизвиците од климатските промени во нашиот регион.