Во моментов има 1,4 милиони слободни работни места во Германија. Во земјата се проценува дека ќе недостасуваат 6 милиони работници до 2030 година.

Податоците за 2019 година покажуваат дека најголеми плати во земјава имаат искусните лекари кои заработуваат околу 115.320 евра бруто годишно, специјалисти за продажба или аквизиција со бруто 99.635 евра, по што следат директорите на фондовите со 83.640 евра и специјалисти лекари со бруто плати годишно од 80,720 евра. Меѓу највисоко платените се и финансиското сметководство, регионалните менаџери за продажба и статистичарите.

Од друга страна, најниско платени работници се во кујната, чијашто годишна бруто плата е околу 21.907 евра, фризерите со 23.202 евра, келнерите земаат 23.620, работниците во кол-центрите со 25.200 и рецепционерите со годишна плата од 25.370 евра. Меѓу најниско платените работници во Германија се касиерите, готвачите, асистентите на забарите, старателите и возачите.

Законот за имиграција на работната сила, кој влегува во сила на 1 март 2020 година, создава можности за вработување на државјани кои не се членки на ЕУ а се квалификувана работна сила. Професионалците прво мора да бидат признати како квалификувани во Германија и потоа да аплицираат за виза.

Трудовиот закон за имиграција ќе ги прошири можностите за работна миграција во Германија. Стручно лице значи лице со најмалку две години образование, признато во Германија како еквивалентно. Ограничувањето на занимањата што се на кратки рокови е укинато. Исто така, се укинува т.н. тест за предност, што значи дека веќе не е потребно да се утврди дали домашен или европски персонал е достапен пред да се вработат експерти од трети земји.

Германските компании бараат квалификувана работна сила, пред се во областа на здравството, грижата за стари лица и т.н. Занимања на MINT (математика, информатика, наука и технологија).

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк